Изненадување од Боб Дилан:Наскоро книга за други уметници и за уметноста на пишувањето

44
Фото:Screenshot/Youtube
Американскиот уметник Боб Дилан во ноември ќе издаде нова книга „Филозофијата на модерната песна“ чии извадоци ги пренесоа американските медиуми оваа недела.
Објавувањето  најавено за 8. март,а книгата ќе биде издадена на 8.ноември, а тоа ќе биде прва книга на Дилан од 2004 година кога го издаде делото „Хроники, 1 том.
Извадоците од оваа книга ги откриваат размислувањата на Дилан (81) поетот и музичар, за легендарните песни „Strangers in the Night“ на Френк Синатра и „My Generation“ на групата „Ху“ (Who).
Дилан за Синатра (1915-1998) музичка фигура во САД, напиша дека имаше „животен здив, нешто што тече во вените и што е неопходно за човек да остане жив и да ја измами смртта“.
Уметникот таа книга почна да ја пишува во 2010 година, а делото опфаќа повеќе од 60

 текстови за уметници како Хенк Вилјамс и Нина Симон, како и текстови за уметноста на пишувањето текстови и создавањето мелодии.

Дилан, чие вистинско име е Роберт Ален Зимерма, е култна личност на генерациата на 60-тите години од 20. век и еден од најголемите кантавтори на 20. век.

Уметникот во 2016 година ја доби Нобеловата награда за книжевност бидејќи „создаде, во рамките на големата традиција на американската музика, нови начинио на поетско изразување“.