Изложба на дела на Ван Гог, ќе може да се гледаат од автомобил/ВИДЕО

53

Музејот Atelier des Lumieres ова лето ќе ја отвори својата спектакуларна изложба на дела на Винсент ван Гог во Торонто, за ги повикаа посетителите изложбата да ја посетат со своите автомобили.

Специјалната изложба ќе биде отворена од 18 до 28 јуни.

Изложбата е замислена и најавена како сетилно искуство во траење од 35 минути, со кое ќе чувствувате како да сте влегле во самите слики на познатиот уметник.

Во време кога многу музеи и галерии се затворени поради пандемијата на коронавирус, оваа изложба од безбедносни причини е замислена така што посетителите нема да мораат да излегуваат од автомобилите, туку едноставно да ги исклучат моторите и да уживаат во дигитална уметничка изложба за Винсент Ван Гог, додека се во својот автомобил.

Изложбата ја нарекуваат и „Гог во вашиот автомобил“, а проекциите веќе се распродадени. Билетите чинат околу 68 долари за автомобил со двајца посетители и доаѓаат заедно со билет за друга изложба која треба да биде прикажана помеѓу јули и септември.