Актерот Џон Кјузак нападнат од полицијата за време на протестите во Чикаго/ВИДЕО

238

Познатиот актер Џон Кјузак (53) бил нападнат од полицијата, во текот на протестите во Чикаго, организирани поради убиството на Џорџ Флојд.

„На полицијата не и се допадна тоа што снимам запален автомобил, па ми пријдоа со палки. Го удираа мојот велосипед. Еве го аудиото“, напиша Кјузак на Твитер, со видео од нападот.

„Тргнувај се одовде“, викаа на него удирајќи му го велосипедот со палки.