Изложба: „Можам да те видам во темнината“ од Алити и Марковски

90

Во Изложбениот салон – Империјал 2 при Културно-информативен центар – Скопје, на 4 ноември во 20 часот ќе се отвори изложбата „Можам да те видам во темнината“ од Елита Алити и Сокол Марковски.

„Со колегата Сокол Марковски со изложбава насловена ‘Можам да те видам во темнината’ сакаме да дадеме акцент на луѓето со посебни потреби т.е. конкретно слепите луѓе. Во таа насока, сакаме да ја промовираме нашата жаложба за нивните права и потреби, за нивно интегритање со општеството. Да ја подигнеме свеста на луѓето за лицата со посебни потреби и нивната улога во самото општество, за да не се чувствуваат дискриминирани од средината во која живеаат и опстојуваат. Сакаме да дадеме една состојба за луѓето кои постојат, а сепак се на маргините, без никаква визија во општеството и дека заслужуваат да бидат третирани како секое живо суштество на оваа планет“, вели Елита Алити, диполомирана на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 2018 заедно со Сокол Марковски.