Излезноста до 9 часот во Центар Жупа е 2,17 отсто

23

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 154 гласачи.

-Во процент тоа изнесува 2,17 отсто од вкупно запишаните 7.077 гласачи. Споредено со локалните избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас малку е поголем. Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список, изјави Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Додава дека вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови и нагласува дека членови на комисијата се во постојана обиколка на гласачките места.

Се гласа на 16 гласачки места а на гласачко ливче се двајца кандидати предложени од политички партии.

Вчера правото на глас го остварија 52 болни и изнемоштени лица.