Изданија: „Аб’т“- нова книга од Ќорвезироска

149

„Аб’т“ е насловот на новата книга од македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска, која излезе од печат во издание на „Или-или“. Корицата на книгата ја изработија Марија Смилевска и Владимир Лукаш.

„По теориската ‘Еден текст и една жена’ (2016) и збирките раскази ‘(СО)шиени раскази’ (2017) и ‘Улиците што ги нема’ (2018), ова е четврта соработка на издавачката куќа ‘Или-Или’ со еминентната книжевна критичарка и писателка. По 14-годишна пауза и нејзиниот тогаш прв роман ‘Заклученото тело на Лу’ (Магор, 2005), Ќорвезироска повторно влегува во романескните води и ни го ‘подарува’ можеби нејзиниот најличен ракопис“, соопшти издавачот.

Оливера Ќорвезироска (1965) е авторка и на следниве книги: „Страдањата на младиот лектор“ 2000, „Сплетени раскази“ 2003, „Две перници“ 2010, „Новелички без шеќер“ 2017, „Кифличката Мирна“ 1993 и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ 2001, „Дедо Миле“ 2000, „Трети кат“ 1982, „Високите бели“ 1989.