Изградена нова болница со 1000 кревети во Вухан

171

Властите на кинескиот град Вухан изградија болница со 1.000 кревети за третман на пациенти заболени од коронавирусот. Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг, вчера ја предаде новата болница Хушеншан на војската, каде 1.400 здравствени работници веднаш ќе почнат да работат, пренесе Си-ен-ен.

Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна, има квадратен облик и може да се изгради за шест дена.

Се гради уште една болница – Леишеншен и таа ќе биде отворена на 5 февруари, а двете нови болници заедно ќе имаат вкупно 2.600 кревети.

Како што се наведува, тоа не е првпат во Кина да се градат болници во краток временски период, како што беше во 2003 година, кога изби епидемијата на САРС, беше изградена болница за шест дена и седум ноќи.