ИДФ: Израел има оперативни планови и за офанзива и за одбрана

284
Фото:принтскрин

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека владата ги одобрила плановите и за офанзивните и за одбранбените операции по нападот на Иран синоќа.

Хамас и Иран сакаат да го запалат Блискиот Исток и да доведат до ескалација во регионот, рече Хагари на прес-конференција, додавајќи дека ИД и понатаму е во состојба на готовност.

„Во последните два часа одобривме оперативни планови и за офанзивата и за одбранбената. Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме побезбедна и постабилна иднина за целиот Блиски Исток “, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, според Sky News.

Тој не даде повеќе детали за одобрените планови кои беа усвоени на состанокот на Воениот кабинет.