Игуани паѓаат од дрвјата на Флорида: Не се мртви, само им студи/ВИДЕО

256

Националната метеоролошка служба на САД во Мајами издаде предупредување до граѓаните во кое се повикуваат на претпазливост бидејќи замрзнатите игуани може да паднат од дрвјата поради невообичаено ниските температури низ областа.

„Игуаните се ладнокрвни суштества. Тие забавуваат или стануваат неподвижни кога температурите ќе паднат на 4 до 9 Целзиусови степени. Тие можат да паднат од дрвјата, но не се мртви“, се вели во соопштението на метеоролошката служба објавено на Твитер.

Температурите во Јужна Флорида вчераутро се спуштија до минус 4 степени целзиусови, откако во саботата голема зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку американски сојузни држави прогласија вонредна состојба и принудно беа откажани повеќе од 1.400 летови.

Зоологот Стејси Коен, експерт за рептили од Флорида, го објасни феноменот во изјава за телевизиската станица VPBF.

„Нивните тела во основа почнуваат да бледнеат на дрвјата каде што спијат на гранките, а потоа, како што станува толку студено, тие ја губат таа способност да се држат и потоа често паѓаат од дрвјата“, истакна Коен.

Зелените игуани не потекнуваат од Флорида, според Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида.

Случајно биле претставени како „слепи патници“ во товарните бродови и се сметаат за инвазивен вид.