„Играњето фудбал за мене е казна“

348

Хавиер Пасторе беше генијалец на теренот пред десет и пол години. Играше за Палермо и беше на мета на сите најдобри и најбогати клубови во светот. Замина во ПСЖ, а на Сицилија пристигнаа 42 мил. евра, што се уште е рекорд за тој клуб.

Сепак, неговата среќа во француската престолнина беше краткотрајна. За седум години забележа помалку од 300 настапи, а причината се бројните повреди.

Се обиде да најде спас во Рома која го купи за 25 мил. евра, но на „Олимпико“ никогаш не успеа да биде таков каков што го паметат на Апенините од периодот кога настапуваше за Палермо.

Аргентинскиот волшебник денеска полни 34 години. Неговата последна авантура беше во Катар, поради фактот дека со месеци е без клуб, пензионирањето е повеќе од реалност за него.

“Не можев повеќе да ја издржам болката. Штом се будам наутро веќе се чувствував лошо, првите чекори наутро се болка. Мојата глава ми велеше “стоп, те молам”. Не сакав да страдаат повеќе. За да продолжам да играм фудбал, пробав се. Но, никогаш не го добив посакуваниот резултат. Можев да тренирам и да играм, но потоа морав да лежам два дена поради болки. Во 2020 година, имав артроскопија на колкот. Подобрувањето беше јасно, но враќањето на напрегањето на истрошениот колк беше многу штетно. Болката се врати, дури и се засили. До тој степен што играњето фудбал повеќе не беше задоволство туку казна. Страдав на теренот и страдав потоа. Не можев ни да си играм со моите деца. Сега имав целосна замена на колкот на левата страна. Цела керамика. И по рехабилитацијата, која ја правам секое утро, животот ми е нормален. Неверојатно е да се каже „нормален живот“. Сега сум среќен“. Во овие години на страдање се подготвував за пензија. Кога си играч, мислиш дека знаеш се, дека немаш што да правиш, дека можеш што сакаш. Денес мојот ум не размислува повторно да играм фудбал, само сакам да се опоравам и да се чувствувам навистина добро. И ако се чувствувам добро со трчање, можеби ќе сакам повторно да трчам“, рече Пасторе.