Украинските научници се изненадиле откако поцрвенел мразот околу нивната станица на Антарктикот, а од Министерството за наука и образование на Украина го објаснија тој феномен.

Појавата ја предизвикале микроскопските снежни алги Chlamydomonas nivalis.

Тие создаваат спори кои почнуваат да растат кога времето ќе стане потопло, а во нив, покрај зелениот пигмент – хлорофил, постпои и црвен – каротен, од кој мразот доби боја на малина. Најинтересно е што “црвениот” мраз има мирис на лубеница.

“Поради бојата на црвена малина, снегот помалку рефлектира сончева светлина и побрзо се топи”, истакнуваат од министерството и додаваат дека слична појава може да се забележи и на Арктикот и на Алпите.