Германската спринтерка Џина Лукенкемпер, актуелна европски вицешампионка на 100 метри, не е воодушевена од иновациите што ги воведе светската атлетска организација на Светското првенство во Доха.

ИААФ воведе две минијатурни камери поставени во почетните блокови за да ги фати лицата на спортистите пред почетокот на трките. Лукенкемпер верува дека овие камери исто така ги снимаат интимните делови од телото кај жените.

  • Никогаш не сум имала вакви почетни блокови. Мислам дека овие камери не се забавни затоа што тие се насочени кон горниот дел од телото. Сигурна сум дека ниту една жена не била информирана околу постанувањето на оваа камера, се пожали Германката.

Од ИААФ објаснија дека камерите снимаат лица, но тоа не ја смири европската вицешампионка.

  • Не ги сакам. Доволно е да се знае дека се таму и веќе се чувствуваме непријатно. Очигледно, мораме да се прилагодиме што е можно поскоро, заврши Џина.