Австралискиот тенисер Домник Тим, е еден од подобро рангираните тенисери кои нема да дава пари за помош на помалку успешните или поточно кажано за оние кои се послабо рангирани.

Тој ова индирекно го потврди во интервју за австрискиот „Кронен Зелтунг“. Моментно третиот тенисер во светот нема да дава од своите пари заради непрофесионалноста на послабо рангираните играчи.

-Никој од послабо рангираните тенисери не мора да се бори за живот. Видов играчи на ИТФ турнирите кои не се посветени на овој спорт 100 отсто. Многу од нив се поприлично непрофесионални. Не гледам зошто би им ги дал моите пари, изјави Тим.

Предлогот да им се помогне на послабо рангираните игрчи го предложи светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ во соработка со Швајцарецот Роже Федерер, Шпанецот Рафаел Надал и останатите челенови на Советот на играчи.

-Попрво би донирал пари на луѓе во установи на кои тоа навистина им е потребно. Не постои ниедна професија во светот каде примањата се големи и има загарантиран успех на почетокот на кариерата. Никој од најдобро рангираните тенисери ништо не земал „здраво за готово“. Сите моравме да се бориме за да стигнеме до местот каде што сме сега, заврши Австриецот.