Земјотрес го погоди североисточниот дел на Перу

37

– Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот дел на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот се наоѓал североисточно од градот Санта Анита, на длабочина од 80 километри, се наведува во соопштението на EMSC, пренесува Ројтерс.

Засега нема податоци за евентуална штета или повредени.