На Теа Лафонд ѝ беа потребни само два обида да го освои златото во трискок на Светското првенство во атлетика во сала во Глазгов и со тоа да стане првата светска шампионка во атлетика за малата карипска земја Доминикана, која има само 75.000 жители (за споредба: Општина Аеродром има повеќе жители од оваа земја – околу 78.000). Во вториот обид, оваа 29-годишна девојка прескокна 15,01 метар, што е најдобар скок на светот оваа година, а четири пати ја проби границата.

Кубанката Лејанис Перез Хернандез скокна 14,90 метри доволни за сребро, додека Шпанката Ана Пелетеиро-Компаоре ја освои бронзата со 14,75 метри.