Зеленски: Денешниот напад на Херсон е ТЕРОР!

38

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го нарече „терор“ руското гранатирање на градот Херсон во кое загинаа најмалку пет луѓе и 20 се повредени.

Во ноември украинските сили го вратија под своја команда тој град.

„Херсон. Утрово, во пресрет на Божиќ, во централниот дел на градот“, напиша Зеленски на Телеграм, објавувајќи фотографии од нападот и го оквалификува како „убиство заради заплашување и задоволство“.