Зградата на „Никола Киров Мајски“, број 41 доби нов покрив

221

Стариот азбестен покрив на зградата на улицата „Никола Киров Мајски”, број 41, во населба Хиподром, целосно е заменет со нов. Жителите се среќни што конечно дотраениот покрив е заменет со нови материјали кои се безбедни за околината.

– Ова е само една колективна зграда каде со помош на финансиска поддршка за реконструкција на покриви и на лифтови на Општина Гази Баба, успеавме да поставиме нов кров. Во исто време, во зграда на улица „Бапчор“ бр. 8, целосно е реконструиран и лифт – информира градоначалникот Борис Георгиевски.

Во наредниот период ќе бидат сменети покривите и на згради на улиците „Душан Тасковиќ“, број 49, на „Благоја Стефковски“, број 111, на „Трифун Хаџи Јанев“, број 12, на „Антон Попов“, број 6 и на улицата „Јани Лукровски“ бр. 8, за што се одвоени 800.000 денари, а за реконструкција на лифт се обезбедени 500.000 денари.