Една од најпопуларните спортистки во ММА, Синди Дандуа, била принудена да преземе екстремни мерки за да се спаси од банкрот. Триесет и петгодишбата Белгијка си направи профил на сајт за возрасни „Само фанови“, каде за пари ги објави своите голи фотографии.

Убавата блондинка, која беше дел од најголемите организации во ММА – УФЦ и Белатор, откри дека поради пандемијата на коронавирус таа била принудена да ја затвори својата фитнес-сала, што довело до сериозни финансиски тешкотии. Сега, Дандуа е решена да собере доволно пари за да го започне одново бизнисот.

  • Ќе има фотографии и кратки пораки со можност да разговараат со мене приватно, но не барајте порно, затоа што тоа не може да се случи. Нема да објавам премногу експлицитни работи, истакна Синди.

Месечната претплата за фотографиите од „Борбената мачка“, како што е позната ММА-ѕвездата, изнесува 15.99 долари.

Покрај тоа што заработува пари од боречки вештини и голи фотографии, Синди Дандуа е и професионален наставник во средно училиште. Белгијката има пет деца, но во моментов нема сопруг до неа. Во декември 2019 година, таа се вмеша во скандал со поранешното момче Мусти Брика, исто така борец ММА. По нивното разделување, Брика реши да и наплати на својата тогашна девојка, така што и го скрши носот. Сепак, Дандуа одлучи да не поднесе тужба.

  • Сите прават грешки. Не сакам тој да оди во затвор, истакна Белгијката во тоа време.

Во кафезот има 16 победи и пет порази, а последната борба ја имаше во декември, кога ја победи Елени Митлинаки со предавање во втората рунда.