„Звукот на ориентот“ со арапската лаута на Марсел Калифе и Филхармонија

120

Оркестарот на Филхармонија на 3 февруари во 20 часот ќе го одржи концертот „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и воклист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“.

Марсел Калифе студирал уд (арапска лаута) на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут и од тогаш, тој вдахнува нов живот на овој специфичен инструмент. Во 1972 Калифе оформува музичка група во својот роден град Aмчит со цел да го оживее музичко наследство на арапската вокална хорска музика. Првиот настап им бил во Либан. Во 1976 се родил ансамблот „Ал Мајадин“. Збогатен со музичкото искуство од претходниот свој состав, гласноста на „Ал Мајадин“ отишла многу подалеку од Либан. Придружуван од неговиот музички ансамбл, Марсел Калифе започнал доживотно далекусежно музичко патување со настапи во Арапските земји, Европа, САД, Канада, Јужна Америја, Австралија и Јапонија. Автор е на повеќе вокално – инструментални композиции. Делата на Марсел Калифе се критички позитивно оценети од Арапскиот свет, но и насекаде низ светот. Добитник е на националниот медалот за култура и уметност од Палестина во 2001 година, како и на голем број други награди. Во 2005 година Калифе е назначен за Уметник за мирот на УНЕСКО за неговите уметнички достигнувања и за својот хуманитарен придонес. Во 2008 година тој го основа Катарскиот филхармониски оркестар, каде работи како музички директор и резиденцијален композитор.

Лубнан Балбаки, роден во 1981 во Бејрут, пак, е најмладиот редовен диригент во Либанскиот Филхармониски Оркестар. Диригирал со оркестри како Катарскиот филхармониски оркестар, Националниот радио оркестар на Букурешт, Филхармонискиот оркестар на Мексико Сити, Државниот симфониски оркестар на Истанбул, „The 5 the Mayo“ од Мексико, Филхармонискиот оркестар „Queretaro“ од Мексико, Државниот филхармониски оркестар од Трансилванија, Државниот филхармониски оркестар во Сибиу-Романија и „Тимисоара“, Националната Опера во Романија. Иако диригирањето е неговиот примарен фокус, откако ја започнал својата музичка кариера, Балбаки работи како музички советник и шеф диригент со Маџида ел Руми и Марсел Калифе.