За 30 години Скопје ќе се најде во Тексас, а Виена во Македонија

137

Скопје за 30 години ќе има клима како американскиот град Аустин, Тексас, што ќе  бидат за 6.9° Ц повисоки максимални температури во најжешкиот месец од годината.

Дури 77 проценти од градовите во светот ќе претрпат значителни климатски промени до 2050 година, а 22 отсто ќе се соочат со услови кои сега не постојат.

Најдраматични промени ќе се случат во градовите на северните широчини чија клима во 2050 година ќе е слична на сегашната на градовите над 1.000 километри појужно. Лондон ќе е сличен на сегашна Барселона, Москва на денешна Софија, Стокхолм на денешна Виена, а Виена на денешно Скопје.

Следат поголеми екстреми во климата, повисоки максимални и пониски минимални температури, поинтензивни врнежи и поголеми суши. Екстреми.

– Ние сме крајно неподготвени, спиеме, како по обичај, чекаме некој друг да направи нешто или климата сама од себе да се врати на старо, за да не мора ништо да правиме. А веќе доцниме и додека трепнеме ќе се најдеме во Тексас и Аризона, неспремни во некоја друга земја и некоја друга клима – коментираат од коалицијата О2.