За љубителите на уметноста: Дело на Метка Крашовец од колекцијата на МСУ

44

Иако музеите се затворени, нивната комуникација со публиката продолжува. Тие остануваат отворени преку социјалните мрежи, а во наредниот период ќе се „прелистуваат“ делата од колекцијата на Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ).

„Двојка III“ дело во техника сито-печат на Метка Крашовец од 1972, е едно од нив.

Кога њујоршкиот Арт Форум во ноемврискиот број, минатата година, се одлучи на своите читатели да им го претстави МСУ Скопје, неговата колекција ја илустрираше со делото на Метка Крашовец. Таа е препознаена како силен и оригинален автор уште од самите почетоци. Оваа словенечка авторка, која кариерата ја започнува со монохроматски дела, во колекцијата на МСУ Скопје има отстапено дело од нејзината серија со наслов „Двојка III“, сито-печат во живи бои кој го доловува складот кој постои во љубовниот занес, сличен на оној што го живее цветот во полна зрелост. Нејзиниот партнер, Томаж Шаламун, носител на Струшкиот венец на поезија во 2009-та, нивната љубов ја овековечува во „Балада за Метка Крашовец“, преведена и кај нас.