Грипот коси, за една недела заболеле 1.100 лица 

78

Грипот во експанзија, во третата недела од годинава во Институтот за јавно здравје пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на грипосани се искачи на 2.718 заразени,а споредено со истиопт период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 12 е детектиран тип А (кај пет A/H1pdm, кај четири A/H3 и кај тројца несубтипизирани), а осум се со инфлуенца тип Б.

Најголем број случаи и тоа 689 лице се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 грипосани, додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Подрачната единица Дебар и тиа 569,3 заразени од инфлуенца на 100.000 жители, односно вкупно 158 пријавени случаи.