За една година зеленчукот поскапел за 29,2 отсто

107

За период од само една година цената на зеленчукот се зголемила за дури една третина. Поскапувањето на зеленчуковите производи, како основни и најзастапени прехранбени артикли за граѓаните, значајно придонесува за раст на трошоците на живот. Според податоците од Државниот завод за статистика, во април годинава, споредено со истиот месец лани, животот во земјава е поскап за 1,9%. Најголем раст на цени има токму кај производите што ги задоволуваат основните потреби за живеење.

Храната генерално поскапела за 3,6%. При тоа, најголем раст на цените бележи зеленчукот, дури 29,2%. Значајно е да се спомене и дека тутунот се продава по цена повисока за 11,6%, а горивата се поскапи за 5,2%.

Голем раст на цените има и кај болничките услуги 8,5%, здравствените 6,9% и медицинските услуги 8,3%.

Минатиот месец граѓаните за туристички аранжмани плаќале дури 25,4% повеќе во однос на истиот месец лани.

Од прехранбените производи позначајно поевтинување има кај овошјето, за 8,4% и маслото за 6,1%.

Во текот на минатиот месец, помалку се плаќало и за централно греење 2,9%, воздушен сообраќај 5% и книги за 15%.