За година исполнета со мир и среќа:На 1 јануари избегнувајте ги овие работи

266

Новата година секогаш носи нови можности и мали или големи промени во животот. Иако можеби не сте суеверни, малите правила и ритуали се пренесуваат од година во година, па тие на одреден начин станаа дел од нашата култура. Можете да ги следите или не, во секој случај, забавно е да знаете дека некои од овие суеверија се поврзани со влегувањето во новата година.

Ова се најчестите верувања кога станува збор за правилата на однесување кои важат за денот пред нова година, како и први јануари, а за кои се верува дека ќе донесат среќа во наредната година.

 

Направете некоја симболична работа на првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако сте добиле календар на подарок, напишете го датумот, неколку зборови… Размислете за работата барем неколку минути тој ден.

Според верувањето, овој чин симболизира дека во текот на следната година ќе имате доволно работа и дека тоа ќе го работите со волја.

Бакнежи за среќа

Задолжително споделувајте бакнежи со саканите на полноќ. Ова се смета за потврда дека вашата љубов и блискост ќе продолжат и во наредната година.

Односите со другите

Слично на обичајот што важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом по полноќ, односно на 1 јануари. Ова е важно бидејќи се верува дека оваа личност ќе има значително влијание врз вашиот живот во наредната година.

Пари

На самиот почеток на годината избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате доволно пари.

Ова верување секако не се совпаѓа со вашата досегашна практика, а тоа е дека на 1-ви јануари ништо не треба да се вади од дома. Иако сите сакаме да разменуваме колачи, разни деликатеси и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак, според ова верување, тоа не треба да се прави. Почестете ги сите ваши гости, тоа секако е добар знак, но кога ги посетувате другите, не носете ништо од храната. За тоа почекајте до 2 јануари, пишува Магазин Новости.

Здравјето на членовите на домаќинството

Во некои култури, перењето алишта на 1 јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека миењето што било треба да се сведе на минимум, бидејќи тоа може лошо да се одрази на здравјето на домаќинството во наредната година.

Исто така, потрудете се да бидете внимателни со садовите и воопшто со кршливите работи, бидејќи се смета дека кршењето работи носи лоша среќа.