Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

17

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да соработува со американските партнери и конструктивно ќе одговори на секој нивен позитивен сигнал.

-Руско-американските односи ги гледаме онакви како што треба да бидат, истакна Захарова, пренесе Тасс.

„На овие односи гледаме како на односи на еднакво, взаемно почитување, и взаемно корисно партнерство. Така ние ги гледаме“, додаде таа.

-Од друга страна, исто така, ги гледаме и чекорите што, да речеме, Брисел ги презеде под притисок на Вашингтон и не можеме да не ги видиме, рече Захарова, додавајќи дека Русија никогаш не одбила да соработува дури и во најтешките моменти .

„Значи, ние ќе одговориме на позитивните сигнали конструктивно“, додаде таа во интервју за телевизијата „Русија-24“.