Затворот во Шутка направил пропуст за инцидентот со поранешните министри

123

Скопскиот истражен затвор во Шутка направил пропуст со иницидентот во кој беа инволвирани ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, дознава 1ТВ од неофицијални извори во управата за извршување на санкциите. Од досегашните разговори има сомнежи дека инцидентот бил организиран. Но, од кого официјално ќе покаже извештајот. Уште еден затворски службеник треба да даде одговор на прашањата на Управата за извршување на санкциите, за да го можат да се заврши извештајот.

Што забележале очевидците на инцидентот, треба да кажат од затворот во Шутка.

Опозициската партија од каде и доаѓаат ексминистрите Јанакиески и Ристовски, обвинуваат дека никој не презема ништо, по како што велат обидот за линч врз нив. Велат дека продолжуваат отворените закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека оставката од директорт на скопскиот затвор, е обид на премиерот Заев да ја сокрие вистината.

Во последниот извештај беше наведено дека Спиро Ристовски прво вербално го провоцирал Лирим Красниќи, за подоцна да се пресметаат. 45 минути подоцна, Миле Јанакиески вербално го провоцирал Есад Кафеѓоли, па Јанакиески заврши во болница без телесни повреди. Инцидентот доби осуда. А наредниот ден кривичниот совет на судот, на Јанакиески му ја преиначи мерката во домашен притвор. Јанакиески и Ристовски се дел од петтемина осомничени организатори за собраниските инциденте, под кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.