Засадени 200 дрвца над Спомен костурницата во Кавадарци

45

Двеста дрвца беа засадени денеска над Спомен костурницата во Кавадарци, во месноста „Зелен рид”. Акцијата за пошумување беше во организација на кавадаречкиот Клуб на млади на СДММ.

Потпретседателот, Орданчо Данев рече дека денешното пошумување е во рамките на пошироката акција која ја организира СДММ низ целата држава.

-Со ова се покажува грижата за здрава и чиста околина. Преку вакви акции се подигнува еколошката свест. Овој дел ќе биде целосно пошумен. Тоа е особено значајно, бидејќи овие дрвца во иднина, покрај тоа што ќе придонесат за почист воздух, ќе влијаат и во заштитата од ерозија, нагласи Данев, изразувајќи благодарност до „Македонски шуми”, подружница „Бор” Кавадарци, за обезбедените багремови дрвца и стручна поддршка, со цел успешна акција.

Покрај пролетното, тој најави и есенско пошумување и други слични активности и во иднина.