Започнува When in Krusevo – Winter is Here

49

Утре започнува фестивалот When in Krusevo – Winter is Here, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од цела држава.

Зимското издание на фестивалот ќе се одржи од 14 до 16 февруари, а вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски терени на Станич и ресторан „Алто“.

Ова е второ издание на фестивалот и истиот носи по неколку илјади туристи во Крушево секоја година ,благодарение на различните содржини.

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски смета дека When in Krusevo има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

– Досега имавме неколку изданија на летното и зимското When in Krusevo, настан кој општина Крушево активно го поддржува заради тоа што истиот покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6.000 туристи во нашиот град. Ги покануваме сите да нè посетат претстојниот викенд – изјави Христоски.