Започна изградбата на резервоар за вода во Белушино

44

Започна изградбата на резервоар за вода во село Белушино проект кој треба да обезбеди доволно вода за ова населено место и да ги реши сите проблеми со водоснабдувањето.

– Резервоарот во Белушино е ветуван со децении, но еве дури денес се реализира. Ова населено место е без резервоар и се соочува со проблеми со водоснабдување, но за скоро проблемот ќе биде надминат. Се заблагодарувам на сограѓаните од ова село за нивното трпение. Конечно нивните барање се реализираат – изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Изградбата на резервоарот за вода чини 2.601.900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.