Заев на ФБ: Среќна вест, добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија

59
Македонија ќе добие 8000 вакцини против ковид-19 како помош од Србија во снабдувањето на вакцини против корона вирусот, информираше денеска премиерот Зоран Заев на фејсбук.

„Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8000 вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, реше премиерот Заев.