Во Лондон, пунктовите за вакцинација против коронавирусот ќе започнат да работат 24 часа на ден, соопшти денеска министерот задолжен за вакцинација на населението Надим Захави.

Овој план за вакцинација ќе почне да се спроведува пред крајот на јануари, а Захави рече дека Националната здравствена служба прво го заштити најранливиот дел од населението, пренесува Скај Њуз.

Тој додаде дека засега постои „ограничен број вакцини“ кои мора да стигнат до луѓето на кои им се најпотребни, како што се постарите лица или лицата со хронични заболувања.

Во моментов во Велика Британија, граѓаните можат да се вакцинираат во периодот од 8.00 до 20 часот.