Заев- Која: Ќе го подобриме стандардот на граѓаните

32

Вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните, беше потврдено  на премиерот Зоран Заев со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев со амбасадорот Која разговарал за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.