Прво, да се бара од опозицијата да биде предложен Јавниот обвинител се испраќа пораката дека Мицкоски има намера да остане опозиција, второ вака да се настапи критички за еден закон којшто знаат и тие и ние е целосно во координација со Европската делегација и ЕУ и правниот сектор на САД којшто работи со нас, е дефинитивно далеку од било каква нормалност во вакви сериозни моменти пред коишто сме. Морам да кажам дека самиот ваков закон е потврда дека нема ништо од она што беше кажано на прес конференцијата, дека некој се обидува на амнестира случаи, да скрие криминали на актуелна власт или слично за тоа е потврда што законот е направен во консултација и зад него стојат ЕУ и САД.
Втората важна работа за ваквата прес конференција е тоа што инструкцијата доаѓа од Будимпешта, и нема ништо помалку ниту повеќе од тоа.
Трето, самиот закон е направен политичарите да не местат обвинители, туку тој да биде структурно, системско решение далеку од рацете на политичарите во функција на јакнење на независноста и јакнење во правосудството.
Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети.
Ако навистина се за вакво решение, јавно повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат на писмени материјали за сето тоа да го решиме во функција и интерес на граѓаните.
Во спротивно, оставаме само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот, да го спречи тоа што значи одговорност за криминалот без разлика за кого се однесува во државата.
Сега и требаме сите на државата, можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ, имаме системско решение, можеме да дадеме аргумент на пријателите а тоа се лидерите на земјите членки на ЕУ и ЕК да имаат уште еден аргумент за конечните одлуки кога ќе ги носат за така историски важни одлуки за Република Македонија.