Загина српскиот рапер Гру

107

Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун”, откако при параглајдерство паднал во вода.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.

Веднаш била повикана медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.