Загина Коби Брајант

148

Како што пренесуваат бројни американски медиуми, легендарниот кошаркар Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа.

Страотната информација ја потврдил локалниот шериф. Истиот извор, наведува дека, покрај Брајант, страдале уште четири лица, пренесе курир.рс

До несреќата дошло во Калабасас, Калифорнија, утринава по локално време.

Хеликоптерот се запалил, а потоа се срушил и сите патници загинале.

Веста ја потврдија ЛА Шерифи и  „Јаху спортс“, како и Адријен Војнаровски од ЕСПН, што значи дека е потврдена смртта на играчот на НБА.

Според првичните информации, во хеликоптерот не била сопругата на Брајнт, Ванеса.

Брајант е роден во 1978 година во Филаделфија. Од 1996 до 2016 година настапуваше за Лос Анџелес лејкерс, со кои освои пет НБА титули.

Коби беше двапати најкорисен играч во финалеата на првенствата на НБА, еднаш МВП на регуларната сезона, 18 пати учествуваше на „Ол-стар“ натпреварот, два пати беше најдобар стрелец во лигата.

Со репрезентацијата на САД освои две златни медали на Олимписките игри во Пекинг 2008. и во Лондон во 2012 година.