Завршува реконструкцијата на Градскиот парк

96

Градскиот парк во Кавадарци е на самиот крај од неговата реконструкција.

Како  што информираат од Општината, градежните работи веќе се завршени, обновени се старите патеки и изградени се дополнителни нови.

-Ова е градски парк ноќе, паркот е веќе во функција и повеќе не е мрачното место во градот. Ново, современо осветлување кое го прави овој парк безбеден за рекреација и прошетка и во текот на ноќта. Во тек е уште хортикултурното уредување на кое интензивно се работи – соопштија од Општина Кавадарци.

Притоа, додаваат дека кавадарчани знаат да се пофалат со градскиот парк, но сега ова не е само градски парк, ова е една содржина која се надеваме дека ќе ги привлече сите посетители на Кавадарци да дојдат, да прошетаат и да уживаат во убавините.

Исто така, општинските власти велат дека винскиот музеј како бисер на овој парк е отворен за сите љубители на виното.

-Можност за запознавање со винската култура и историја, тука ќе ве пречекаат љубезните вработени кои ќе ве запознаат со историјата на виното и Тиквешкиот вински регион – нагласуваат од Општина Кавадарци.