Американската федерална управа за воздухопловство (ФАА) денеска објави дека се забранети цивилни летови над езерото Мичиген, пренесува Фокс њуз.
ФАА ја прогласи областа за „зона на национална одбрана“, се додава во соопштението.
Причината за затворањето се уште не е објаснета.
Викендов ФАА исто така забрани летови над државата Монтана како одговор на здогледувањето на неидентификуван летечки објект.