Жичницата ќе работи од 10 до 18 часот

86

Жичарницата од Средно Водно до Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот.

– Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле. Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември – информираат од ЈСП-Скопје.

Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.