Жителите на бул. „Кочо Рацин“ ќе добијат резидентни паркинг места

116

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски најде решение за проблемот на граѓаните кои живеат близу гимназијата „Корчагин“, односно за пристапниот влез до новиот објект за кој неколкупати се среќавале.

Како што истакна тој, се договориле дел од жителите кои живеат на булевар „Кочо Рацин“ и кои живеат близу паркингот да добијат резидентни паркинг места, со што, се ослободува пристапот со новиот објект кој беше проблем за граѓаните од овој дел. Притоа, овој паркинг ќе го одржува ПОЦ.