EPA-EFE/Remko de Waal

Еден од најголемите борци на сите времиња, Мароканецот Бадр Хари (38), нема намера да престане да се бори, иако по последниот меч и уште еден пораз од Алистер Оверем, најави дека најверојатно ова е крај на неговата кариера. На социјалните мрежи се појави видео во кое славниот Мароканец, според мислењето на многумина, најавува нов кам-бек.

Бадр Хари е далеку од најдобрите денови во кариерата. Иако за многумина тој е сè уште застрашувачки борец, борбите што ги водел зборуваат поинаку, бидејќи тој оди од пораз во пораз, иако во повеќето од нив заврши одлична работа.

Мароканецот тврди дека едноставно не знае да прави ништо друго и дека е премногу приврзан за кик-боксот кој не го остава на мира.

  • Нема враќање назад, ако знаете што мислам? Овој спорт е мојата љубов по Алах и моите деца. Не знам што се случува. Животот не ми даде премногу избор. Не можам да бидам градежник или електричар. Жал ми е, но така е. Јас единствено е што знам да се борам. Како можам да се откажам од сè? Има хејтери и луѓе кои те сакаат. Има повеќе од овие други и затоа не можеш да дозволиш хејтерите да победат. Тие луѓе се мојата мотивација, исто како и моите родители, мојата земја… Алах нека им помогне на сите, истакна Бадр.

Не е многу јасно дали ова беше порака дека се враќа или само благодарност до фановите што беа со него сите овие години. Многу е можно Бадр да се врати и да одработи уште еден натпревар.

Хари има неверојатна кариера со рекорд од 106 победи, 18 порази и два меча без победник и се смета за еден од најдобрите кик-боксери на сите времиња.

Сепак, тој нема победа повеќе од шест години. На сите мечеви што ги загуби беше на чекор до победа, но брадата и телото не издржаа.