Жбогар за ВЕЧЕР: Не ви требаат странци да ви ја водат државата, но добро е некој да ве надгледува

Не ви требаат странци да ви ја водат државата, но мислам дека помага ако некој ве надгледува, вели амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар во интервју за весникот ВЕЧЕР во однос на идејата на чело на правосудниот систем како меѓународен јавен обвинител во земјава да застане странец. Жбогар смета дека мониторингот ќе даде дополнително внимание или притисок, затоа што судиите и обвинителите ќе бидат свесни дека некој однадвор ги гледа и тоа само по себе ќе помогне да се подобрат процесите во судовите

183
Фото: Ѕ. Плавевски

Случајот „Рекет“ е моето најголемо разочарување откако сум во Македонија. Ја делам горчината и разочарувањето со луѓето на оваа земја што дојдовме до оваа ситуација, институцијата која беше модел за правда, од некоја причина, Судот ќе ни каже која била причината, некако да ги уништи надежите на народот дека правдата ќе дојде, вели амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар во ексклузивното интервју за весникот ВЕЧЕР, кое ќе биде објавено деновиве. Жбогар очекува детална судска разрешница за овој случај.

Фото: Ѕ. Плавевски

-Ова навистина е најголемото разочарување и ја чувствувам горчината како и другите луѓе. Навистина се надевам и очекувам дека судската процедура ќе ги открие сите детали како завршивме во оваа ситуација. Сега кога се обидуваме да го зачуваме доброто наследство од Специјалното јавно обвинителство, добрата работа што генерално ја работеа, настрана од ова промашување во справувањето со криминалот. Очекувам дека Судот ќе даде одговори, луѓето очекуваат да ги добијат сите детали како завршивме тука, вели евроамбасадорот Жбогар во интервјуто.

Во однос на идејата на чело на правосудниот систем како меѓународен јавен обвинител во земјава да застане странец, Жбогар со став дека не ни требаат странци да ни ја водат државата.

Мислам дека помага ако некој ве надгледува. Да речеме, тоа дава дополнително внимание или не сакам да го употребам зборот притисок, но судиите и обвинителите ќе бидат свесни дека некој однадвор ги гледа и мислам дека тоа само по себе ќе помогне да се подобрат процесите во судовите. 

-Вие тоа го можете и сами. Но, ние ќе ги мониторираме случаите и мислам дека ова ќе помогне. На вас е да судите, но мислам дека помага ако некој ве надгледува. Да речеме, тоа дава дополнително внимание или не сакам да го употребам зборот притисок, но судиите и обвинителите ќе бидат свесни дека некој однадвор ги гледа и мислам дека тоа само по себе ќе помогне да се подобрат процесите во судовите. Исто така, тоа ќе ни даде идеи како уште повеќе да му помогнеме на судството, со какви инструменти ќе може подобро да го поддржиме за судството да стане понезависно. Но, не мислам дека ви требаат странци да ви ја водат земјата, порача амбасадорот на ЕУ во земјава во интервјуто за весникот ВЕЧЕР.

Амбасадорот Жбогар неделава најави дека Европската Унија преку ОБСЕ ќе ги мониторира судските процеси поврзани со висока корупција преку проект кој треба да почне годинава, ќе трае околу три години и ќе се спроведува регионално, но не сакаше да сподели повеќе детали за тоа кога ќе почне процесот и колку предмети ќе бидат опфатени.

-Не можам да дадат детали за мониторингот. Ги немаме тие детали, поточно, не можеме да ги споделиме сè уште тие детали. Тоа е регионален проект, но мислам дека вашата земја е најжелна за да го започне проектот. Владата не повикува да започнеме со мониторинг и исто така луѓето од опозицијата кои се на суд исто така доаѓаат и бараат од нас да бидеме присутни во судовите кога се во тек нивните процедури. Изгледа дека двете страни се желни да добијат независни очи и уши во судовите, па најверојатно ќе започнеме тука меѓу првите земји, но не го знам датумот сè уште, бидејќи сè уште се договараат деталите за договорот. Ќе се мониторираат многу случаи со корупција на високо ниво и организиран криминал, но сите детали ќе ги соопштиме подоцна кога ќе ги финализираме дискусиите, рече Жбогар во интервјуто.

Проектот за мониторингот од ЕУ за целиот регион ќе чини шест милиони евра. Овој проект се најавуваше со години, а неговата реализација доаѓа во период кога голем број судски процеси за висока корупција се заглавени во судниците.

Виолета Стоименова Наумоска