Битолски ракометен клуб Еурофарм Пелистер и покрај пандемијата предизвикана од коронавирусот со полна пареа работи и го склопува мозаикот и составот за наредната сезона.

Пелистер досега ги обезбеди потписите на Марио Танкоски од Металург и Јосип Периќ кој доаѓа од Бундеслигата, а активно се работи и на продолжување на соработката со сегашните играчи. Клубот потврди дека ги продолжи договорите со четворица ракометари: Милорад Кукоски, Милан Ѓукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар, кои ќе го носат дресот на Еурофарм и во наредната сезона.