Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, со пораз на гостувањетот кај Кадете Шафхаузен со 29:26 (16:12) го заврши настапот во групната фаза од Европската Лига. „Пелистерци“ завршија на четвртото место во групата Д и закажаа осминафинален дуел со бундеслигашот Магдебург.

Најефикасни во домашниот табор беа Барток со седум и Часар и Шелкер со по четири гола, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Периќ со седум и Граџан со шест погодоци. Осминафиналните натпревари против Магдебург се играат на 23 март во Битола и седум дена подоцна во северна Германија.

Фото: Е. Пелистер