ЕУ од блиску ги набљудува финансиските трансакции на Москва со трети земји

29

Европската Комисија ги увери европратениците дека внимава на тоа Русија да не ги заобиколи санкциите преку трети земји.

Ова денес беше порачано од страна на Европската Комисија за време на дебатата во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Европската Комисија, според нејзините анализи, смета дека во земјите на ЕУ и на Г7 постои висок степен на усогласување и имплементација на санкциите на Западот против Русија, и дека од блиску се мониторираат финансиските трансакции со трети земји, преку кои Русија би можела да ги заобиколи санкциите.

За време на дебатата голем број европратеници ги повикаа Европската Комисија и Советот да воведат санкции против енергетскиот сектор, посебно нафтата. Студиите на институциите на ЕУ покажуваат дека санкциите против нафтениот сектор најсилно би ја погодиле Русија. Во случај на енергетски санкции Комисијата и Советот се залагаат дека ќе ги преземат потребните мерки за да се намали негативниот импакт на земјите членки на ЕУ најзависни од руската енергија.