Естетските хирурзи објаснија што се случува со лицето на Том Круз

1369

Актерот Том Круз ги загрижи своите обожаватели кога се појави на натпревар во Сан Франциско со речиси непрепознатлива трансфорамција на лицето. Корисниците на социјалните мрежи ги коментираа отоците на лицето на актерот и се прашуваа што му се случило. За неговиот изглед сега се огласија и стручњаците.

Естетскиот хрирург Нила Раја, чии пациенти се многу славни ѕвезди, тврди дека Том Круз претерал со естетските третмани.

„Изгледа дека Том претерал со инекциите потив брчки и со филери, што всушност, негативно влијаело на неговиот изглед. Без внимателно набљудување на структурата на лицето на пациентот, резултатите од естетскиот третман моѓе да бидат искривен и неприроден изглед на лицето“, изјави Нила Раја за „Daily Mail“.

Со неа се согласува и хирургот Рос Пери кој нагласува дека промената на лицето на актерот е резултат на вишок килограми и премногу естетски третмани.

„Том на последните фотографии изгледа многу поинаку, според мое мислење, тоа е поради високот килограми и премногу филери. Неговите образи изгледаат затегнато, но надуено. Всушност, изгледа како очите да му се многу помали и изгледа како верверица. Исто така се гледа дека во челото има вбризган ботокс бидејќи тенот му е мазен, со оглед на неговата возраст на која треба да се видливи повеќе знаци на стареење во облик на линии и брчки“ , вели Пери.

Том Круз на бејзбол натпревар: Расположен, но што е со лицето на актерот?/ВИДЕО