Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, победи на трката за Големата награда на Аргентина и воедно го запиша првиот триумф во кариерата во Мото ГП шампионатот.

На второто место на подиумот се искачи пилотот на Дукати, Хорхе Мартин, кој заостана осум стотинки, а трет заврши Алекс Ринс од Сузуки.

Со оваа победа во својот 200 настап Еспаргаро го презема водството во генералниот пласман и сега има седум бода повеќе од возачот на КТМ, Бред Биндер, кој заврши шести.

Следната трка во шампионатот е закажана за седум дена за Големата награда на САД во Остин, Тексас.