Ердоган му се закани на Нетанјаху: „Крајот ти е близу!“

1420
Фото EPA-EFE/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да признае дека неговата земја има нуклеарно оружје.

„Нетанјаху, признај дека имаш нуклеарна бомба. Признај! Го имаш, затоа и се закануваш. Колку и да имате бомби, вашиот крај (во политиката) е близу“, рече тој во парламентот.

Турскиот жител Израел го нарече терористичка држава, а движењето Хамас легитимна политичка сила во Појасот Газа, пренесува Спутник.

„Израел се занимава со државен тероризам. Отворено велам: Израел е терористичка држава. Вие го нарекувате Хамас терористичка организација. Но, Хамас е политичка партија која победи на изборите“, потсети Ердоган.

Тој додаде дека Турција ќе продолжи да работи на тоа светот да го прогласи Израел за терористичка држава“.