„Епл“ ја отстрани најголемата руска социјална мрежа од своите платформи

65

„Епл“ ја отстрани iOS верзијата на апликацијата наречена VKontakte, која е руска верзија на Facebook, од својот App Store, пишуваат британските медиуми.

Зад апликацијата стои технолошката компанија VK, која е втора по големина интернет компанија во Русија по Yandex, руската верзија на Google.

„Овие апликации се дистрибуираат од програмери кои се во мнозинска сопственост или контролирани од една или повеќе страни санкционирани од Владата на Обединетото Кралство“, рече портпаролот на Apple Адам Дема во изјава за The Verge.

„За да се усогласат со овие санкции, „Епл“ ги укина сметките на програмерите поврзани со овие апликации и апликациите не можат да се преземат од која било App Store, без оглед на локацијата. Корисниците кои веќе ги преземале тие апликации можат да продолжат да ги користат“.

Освен оваа апликација за социјална мрежа, други поврзани апликации како што се VK Clips, VK Messenger, VK Admin, VK Mail и други веќе не се достапни.

Руската страна ги истражува причините за бришење на апликацијата,

Руската страна, исто така, најави дека „ќе продолжи да развива и поддржува апликации за iOS“, додека руското Министерство за дигитални прашања објави дека ги истражува „причините за бришење на VK апликациите и сметките на програмерите“.

Руската влада исто така блокираше неколку американски социјални мрежи, вклучувајќи ги Инстаграм, Фејсбук и Твитер.