Погребан Јуда Самет, преживеалец од холокаустот

87
Евреинот Јуда Самет, го преживеа холокаустот и за влакно избегна смртоносно пукање во синагогата во Питсбуг во 2018 година, денес беше потребан во споменатиот град.

Роден во Унгарија во 1938 година, имал шест години кога нацистите дошле во неговата куќа и го одвеле целото семејство. Поминале 10 месеци во логорот Берген-Белзе во Германија, пре да бидат ослободени во 1945 година.

По војната, Самет заминува во Израел, каде што служи како падобранец, а во САД, во Питсбург, се сели во 60-тите години од 20.век.

Во Питсбург во 2018 година, Самет доцнел неколку минути на служба во синагофата, што му го спаси животот, бидејќи во неа доаѓа до пукотница. Станува збор за најсмртоносниот напад на Евреите во историјата на САД, во кој се убиени 11 луѓе, пишува мотл.

По нападот Самет изјави дека е изненаден што вакво нешто не се случило порано.

„Не изгубив верба во човештвото и знам дека не зависам од човештвото“, изјави за АП два дена по пукањето.

За своето искуство од Холокаустот Самет зборуваше пред десетици илјади луѓе во училиштата и на други локации во САД.

Самет седеше со првата дама Меланија Трамп на еден говор на тогашниот претседател Доналд Трамп во 2019 година, каде што пратениците скокнаа на нозе и аплаудираа кога претседателот ја раскажа приказната на Самет и спонтано му отпеа роденденска песна.

Јуда Самет, кој почина во вторникот на 84 години, зад себе ја остави ќерката.