Шпанскиот ракометен репрезентативец Раул Ентрериос, ова лето ќе ја заврши  кариерата, а му останува уште настапот на Олимписките игри во Токио. НО, Ентрериос веднаш по завршувањето на ииграчката кариера, ќе започне и со тренерска кариера. Шпанец ќе работи со кадетската екипа на Барселона и ќе им го пренесува искуството на младите таленти.

Од  2010 година, Ентрериос беше дел од Барселона со која освои 11 титули во Асобал лигата, 8 трофеи во Купот на Шпанија, пет титули на Супер Глоуб и три европски шампионски титули.